Меси се врати во тимот и со гол ја потврди победата на Интер Мајами

Дерби

14/03/2025

12:53

253

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси се врати во составот на Интер Мајами и постигна гол со кој неговата екипа ја потврди втората победа во двомечот со Кавалиер во КОНКАКАФ Купот на шампиони.

Тимот од Флорида гостуваше во Јамајка и победи со 0:2, а Меси влезе во второто полувреме на местото на Луис Суарез, за во 92. минута да реализира за конечни 0:2 во Кингстон.

Суарез го отворил резултатот во 37. минута од пенал, а домашната публика еуфорично го поздравила влегувањето во игра на Меси, кој ги пропушти последните три натпревари на својата екипа.

Следен противник на Интер Мајами во ова натпреварување е Лос Анџелес ФЦ.