Адриен Рабио минатото лето се раздели со Јувентус и потпиша за Олимпик Марсеј, со што врати во Франција каде претходно го носеше дресот на ПСЖ.
Марсеј не може да му парира на ПСЖ во битката за титулата, но затоа Рабио во последното интервју истакнал дека е презадоволен од третманот кој го добива во Олимпик и дека неговите квалитети се ценети на начин како што не доживеал во претходниот дел од кариерата.
Ваквата изјава ги налути фановите на Јувентус, а со коментар се јави и легендарниот дефанзивец Марк Јулијано.
– Не ми се верува што изјавува Рабио. Да не заборавиме дека Јувентус го чекаше четири сезони за да одигра една сезона на потребното и очекувано ниво.
– Добиваше голема плата и Јувентус секогаш го бранеше. Со мои очи неколку пати видов како клубот се однесува со него, добиваше третман како да е Зидан. Неговите коментари се смешни, – рекол Јулијано.