Англиска легенда шокирана од плановите на Ретклиф и Јунајтед: Наместо да градат тим, тие ќе градат стадион

Дерби

14/03/2025

12:47

253

Големина на фонт

а а а

Косопственикот на Манчестер Јунајтед, милијардерот Џим Ретклиф почна сериозно да крати дел од клупските трошоци откако влезе во клубот, а своите потези ги објаснува со економска оправданост, односно итната потреба од намалувањето на расходите и трошоците кои се генерирани од страна на премиерлигашот.

Ретклиф го привлече вниманието и со своите изјави во подкастот на Гери Невил, потврдувајќи ја потребата од ригорозните мерки, за еден ден подоцна Јунајтед да најави изградба на нов стадион вреден 2 милијарди фунти.

Англиската легенда Пол Мерсон реагираше со коментар за целата ситуација и испрати сериозни критики на сметка на Ретклиф.

– Ова е патетичен потег и да бев фан на Јунајтед, ќе бев многу лут.

– „Олд Трафорд“ е еден од најголемите стадиони во Англија. Би разбрал Челси да гради нов стадион, потребен им е поголем дом за да им парираат на ривалите. Но, Јунајтед веќе има голем стадион, нив им е потребен тим, потребни им се играчи, навистина не можам да сфатам што прават.

– Го слушам Ретклиф и тој вели дека Англија ќе игра на тој стадион, но јас би му порачал да не се грижи за репрезентацијата, туку да се грижи за Јунајтед. Нека го реновираат стадионот и нека се фокусираат на составот, навистина сум шокиран од неговите изјави, – вели Мерсон.