Аморим за симултанката на капитенот на Јунајтед: Не им верува на своите соиграчи…

Дерби

14/03/2025

12:45

243

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед се опорави од почетниот шок на „Олд Трафорд“ и испорача четири голови во мрежата на Реал Сосиедад, а победата од 4:1 значеше дека „ѓаволите“ остануваат дел од второто по ранг европско натпреварување.

Рубен Аморим конечно можеше да ужива во една одлична партија на неговите миленици и истата беше заокружена со пласман во четвртфиналето, пред се благодарение на капитенот кој всушност имаше своја симултанка.

Бруно Фернандеш постигна хет-трик и практично сам обезбеди триумф за својот тим, но во обид да подели комплименти за својот капитен, Рубен Аморим не пропушти да нагласи дека останатите соиграчи не му помагаат онолку колку што треба.

– Сите гледаме дека понекогаш е многу тешко за играч како Бруно. Тој сака очајно да победува на секој натпревар, понекогаш дури и гори од желба за такво нешто. Тоа не е лоша работа, но понекогаш игра на повеќе позиции на теренот и самиот си задава премногу задачи.

– Тој нема верба во своите соиграчи, не им верува доволно и знае да покаже фрустрација на теренот. Сепак, кога му е потребен на тимот, тој е секогаш тука да одговори. Тој е играч кој е подготвен да одигра цел натпревар на една, а потоа друг меч на друга позиција. Може да изведува прекини, пенали, да притиска високо во противничната половина, да игра транзиција во последните 15 минути. Прави навистина се, но понекогаш треба и да им верува на своите соиграчи. Тој е перфектен капитен за нашиот тим и треба да му помогнеме да освојува титули, – изјави Аморим.