Марчињак ги разреши дилемите и откри кој го детектирал двојниот допир од Алварез во пенал рулетот

Дерби

14/03/2025

12:44

437

Големина на фонт

а а а

Пеналот на Хулијан Алварез останува топ тема во светската спортска јавност и 24 часа по одиграното осминафинале на „Метрополитано“, а после сите реакции кои ги слушнавме од самите актери од двата тима, медиумите конечно извлекоа изјава и од човекот кој ја имаше најсложената задача на теренот.

Шимон Марчињак како главен судија се најде под притисок од ѕвездите на Реал Мадрид и токму тој беше човекот кој информираше дека Алварез двапати ја допрел топката пред да го совлада Тибо Куртоа, а овој момент се покажа како најава за поразот на Атлетико во пенал рулетот.

УЕФА вчера излезе со видео доказ со кој покажа дека оправдано е поништен голот на Аргентинецот, но доста внимание привлекува изјавата на Марчињак, од едноставна причина што Полјакот откри дека тој ја детектирал сомнителната ситуација, а не луѓето во ВАР собата.

– Мбапе алармирал за двојниот контакт на Алварез? Тоа не е воопшто точно. Јас бев тој кој ги информираше луѓето во ВАР собата дека постои 99 проценти шанса да има двоен допир од Хулијан при изведениот пенал. Потоа имаше проверка во ВАР собата и добив потврда.

– Да бидам искрен, никогаш во мојата кариера се немам соочено со ваква ситуација, но играчите јасно ги знаат правилата и знаеја што следи во овој случај, – потенцира елитниот судија.