Мурињо: Не ни свиреа три пенали, се надевам дека ова не е поради Будимпешта

Макфакс

14/03/2025

11:24

408

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо е огорчен по драматичната елиминација од Лига Европа. Во првиот осминафинален натпревар неговиот Фенербахче загуби со 1:3 од Ренџерс во Истанбул, синоќа во реваншот победи со 2:0 во реваншот во Глазгов. Конечниот победник беше решен по изведувањето пенали, во кои поуспешни беа домаќините кои победија со 3:2.

Откако со неговиот тим доживеа елиминација Мурињо изјави: „Се надевам дека се што ми се случува во европските натпреварувања не е последица на финалето на Лига Европа во 2023 година во Будимпешта, туку дека тоа е случајност. Затоа што по финалето во Будимпешта и откако бев суспендиран, почнаа да ми се случуваат чудни работи“, рече Португалецот и дополни.

„Не игравме во Лигата на шампионите поради пенал во 120. минута, кој го виде само четвртиот судија. Сега стигнавме на реваншот од осминафиналето на Лига Европа, а за ВАР беше задолжен еден од најдобрите меѓу видео асистентите (Кристијан Дингерт). Тој ВАР судија не виде ниту еден од трите пенали. Се надевам дека е случајност. Ја платив суспензијата од 2023 година и се надевам дека конечно ќе заврши. Се молам дека сето ова е само несреќен случај“.

За потсетување, финалето за кое тој зборува е финалето на Лига Европа, тогашниот клуб на Мурињо, Рома по изведувањето пенали загуби од Севилја, а Португалецот беше бесен на судиите по завршувањето на натпреварот, а имаше вербална пресметка на паркингот со судијата Ентони Тејлор.

Во третото квалификациско коло, оваа сезона, Фенербахче во првиот меч загубија од Рен со 2:1. Во реваншот во Истанбул имаа водство од 1:0 во финишот на продолѓенијата, кога за Рен беше досуден пенал. Францускиот клуб го претвори во гол и со тоа ги исфрли Мурињо и Фенербахче во Лига Европа.