Катастрофа за Сан Антонио, заврши сезоната и за Диерон Фокс

Макфакс

14/03/2025

10:41

280

Големина на фонт

а а а

Бекот на Сан Антонио Спарс, Диерон Фокс нема да игра до крајот на сезоната бидејќи ќе мора да оди на операција. Според инсајдерот Шамс Чаранија, поентата на операцијата ќе биде да се отстрани оштетувањето на тетивите на малиот прст.

Оваа вест сигурно ќе ги разочара навивачите на „Мамузите“, кои до крајот на сезоната ќе мора да играат без центарот и прва ѕвезда Виктор Вембањама.

На младиот Французин му беше дијагностицирана длабока венска тромбоза, па како мерка на претпазливост веднаш беше донесена одлука да не игра до крајот на сезоната. Исто така до крајот на сезоната Спарси ќе бидат и без тренерот Грег Поповиќ.

Фокс во лигата е од 2017 година, кога беше избран како петти пик во првата рунда на драфтот. Тој беше Ол-стар во 2023 година, кога исто така беше избран во третата најдобра петорка на НБА во сезоната.

Откако им се приклучи на Спарс, тој одигра 17 натпревари и имаше просек од 19,7 поени.