Актерката и пејачка Џесика Симпсон, наводно, го прозвала својот наскоро бивш сопруг Ерик Џонсон во новата емотивна песна „Leave“ која ја објави откако најави дека се разведуваат.
Пејачката во рок баладата, која беше објавена во петокот како дел од нејзиниот албум „Nashville Canyon“, Pt. 1, сугерира дека поранешниот НФЛ играч ја изневерил со друга жена и го изразува своето разочарување.
Стиховите ги посветила на бившиот?
„Она што го имавме беше магично. А сега ти тоа го претвори во трагедија, ѝ го даваш она што мене ми го даде. Сега изворот од кој пиеше пресуши“, се вели во воведните стихови на песната.
Пејачката понатаму истакнува дека „слабоста“ на Џонсон ја направила осамена и го критикува нивниот „несвет брак“. „Дали нејзе ѝ го правеше она што ми го правеше мене? Дали паднала на колена? Ох, таа е сè – само не јас“, продолжува песната.
Неодамна го потврди разводот
Потсетуваме, Џесика неодамна потврди дека по 10 години се разведува од Ерик Џонсон. Таа нагласи дека нејзиниот фокус сега ќе биде на нивните деца – Максвел, Бирди и Ејс.
„Јас и Ерик живееме одвоено и се соочуваме со болна ситуација во нашиот брак. Нашите деца се наш приоритет и се фокусираме на она што е најдобро за нив“, рече тогаш Симпсон.