[ВИДЕО] Финска ја шокира евровизиската публика: „Како порно видео“

Макфакс

09/03/2025

09:56

3.887

Големина на фонт

а а а

Ерика Викман ќе ја претставува Финска на Евровизија 2025 година, а нејзината песна „Ich Komme“ на тема оргазам, што во превод значи „Доаѓам, доаѓам“ предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Многу обложувалници ја вброија меѓу фаворитите за победа на Евровизија во 2025 година во Базел.

Викман ја започна својата кариера како танчерка, а Финците ја запознаа на нивната верзија на „Идол“ во 2013 година и на најстариот танго фестивал „Тангомаркинат“ во 2016 година.

На претходниот Избор за песна на Евровизија 2020 година, таа настапи со феминистичката песна „Cicciolina“, која и ја посвети на познатата порно актерка.

Таа го освои второто место благодарение на гласовите на меѓународното жири, што ги налути Финците толку многу што тие потоа воведоа правило дека победникот ќе се одлучува со комбинација на гласови од публиката и жирито, со сооднос 75:25 во корист на публиката.

Сепак, Ерика подоцна стана една од најпопуларните фински пејачки со низа хитови и албум кој беше на врвот на најпродаваните албуми во Финска.


Сега повторно е тема број еден, а тоа е поради песната со која ќе ја претставува својата земја во Базел.

„На „Ich komme“ се гледа како на уметничко дело што ја издигнува Ерика Викман на ново ниво. Песната комбинира традиционална финска дискотека со извонредна композиција и стихови, врамувајќи ја со возбудливата естетика на електронската музика. Песната е оригинална и толку достапна што стиховите на рефренот сигурно ќе ве зграпчат на првото слушање. Клуминацијата на песната е една од највозбудливите во историјата на УМК“, изјави жирито.

„Во оваа песна вие ја преземате контролата. Сè за вашата сексуалност е во ваши раце. Задоволството не треба да биде табу”, рекла Ерика.

Сепак, судејќи според коментарите на социјалните мрежи, текстот на песната е, во најмала рака, чуден.