Пејачката и актерка Лејди Гага, со вистинско име Стефани Германота, неодамна во поткастот „The New York Times The Interview“ прозборе за менталната борба низ која поминала пред неколку години.
Таа откри дека пред пет години доживеала сериозна ментална состојба и рече дека во еден момент „изгубила контакт со реалноста“. Оваа исповед ја објаснува нејзината одлука да направи подолга пауза од својата музичка кариера пред објавувањето на нејзиниот последен албум „Mayhem“. Како што рекла таа, закрепнувањето било долго и барало години посветена работа.
Поддршката на нејзиниот свршеник била пресудна за нејзиното закрепнување
Еден од најважните луѓе во нејзиниот процес на закрепнување бил Мајкл Полански, нејзиниот свршеник, кој го запозна во 2019 година. Иако веќе се чувствувала подобро во моментот на нивното запознавање, Полански брзо забележал дека Гага може да биде посреќна.
„Тешко ми беше да го слушнам тоа бидејќи не сакав да мисли дека сум несреќна“, признала Гага. Сепак, таа истакна дека неговата љубов и грижлива природа одиграле пресудна улога во нејзиното ментално здравје и личниот раст.
Борбата помеѓу јавната и приватната личност
Еден од најголемите предизвици за Гага било усогласувањето на нејзината сценска личност со приватниот живот. Разликата меѓу интензивната, енергична изведувачка на сцената и нејзината лична желба за потивок, позатскриен живот бил постојан извор на внатрешен конфликт. „Сакам да мислам дека сум добра личност, но во мене постои дивјаштво, цврстина и интензитет кои ги изразувам на сцената. Затоа морав да научам како да ги одржувам тие две страни во себе во рамнотежа“, објасни таа.
Таа понатаму нагласи како се менувало нејзиното гледиште за хаосот и интензитетот со текот на годините: „Научив да не додадам бензин на тоа. Порано повеќе го сакав хаосот, живеејќи на работ. Сега сум горда што сум многу повеќе здодевна. Бев автентична и порано – тоа бев јас. Само што тогаш автентично запаѓав во различни личности. Претпоставувам дека автентичноста е субјективна. Сега се чувствувам како полесно да го држам сето тоа под контрола“, изјави Гага.
Соочување со предизвиците на менталното здравје
Пејачката отворено прозборе и за предизвиците со кои се соочила кога станува збор за менталното здравје. Таа рече дека се срамела од нејзините проблеми и не сакала тие да ја дефинираат. И покрај тоа, таа истакна колку е важно отворено да се зборува за менталните тешкотии и да се разбие стигмата околу нив. „Не треба да се срамиме ако поминуваме низ тешки времиња. Може да биде подобро“, порача Гага.
Мајчинството како нов предизвик
Покрај споделувањето искуства од минатото, Лејди Гага изрази возбуда за иднината, особено околу идејата за мајчинството. „Возбудена сум поради можноста да станам мајка. Некогаш ме плашеше, но сега поинаку гледам на тоа. Најважно ми е да не им наметнувам на моите деца живот кој тие не го избрале. Треба да им дадеме доволно простор да откријат кои се тие навистина“, искрено рекла Гага.