Синот на Дејвид Бекам сака да стане професионален возач: Го положил возачкиот испит од седми обид

Точка

08/03/2025

14:02

2.353

Големина на фонт

а а а

Бруклин Бекам, синот на Дејвид и Викторија Бекам, сака да учествува во професионални трки, па решил прво да го положи возачкиот испит.

Во интервју за „The Sun“ тој признал дека му биле потребни седум обиди да го положи теоретскиот дел од тестот, што предизвика бројни реакции, а многумина корисници на социјалните мрежи го исмеаја.


Иако теоретскиот тест опфаќа сообраќајни правила, знаци и безбедносни прописи, Бруклин имал тешкотии да го совлада, но и покрај тоа, тој не се откажал од својата кариера во автомобилизмот.

Тој е голем љубител на брзината и во блиска иднина планира да стане возач на Формула Е, што е чекор поблиску до неговите професионални амбиции.


Зборувајќи од Мајами пред трката „Evo Sessions“ против десет други возачи, Бруклин рече: „Го положив мојот возачки испит, но мојата теорија ме однесе низ седум обиди“.



Тој додаде дека неговата мајка и тато се исплашени дека тој ќе направи незгода за време на неговата трка со голема брзина. Исто така и сопругата на Бруклинм Никола Пелц-Бекам била загрижена, но тоа исчезнало кога го видела како „изгледа секси“ во неговата опрема.