„Старото нормално“ со модерен дизајн: Зошто се повеќе луѓе мигрираат од урбаните средини во природа?

Точка

04/03/2025

10:16

1.384

Големина на фонт

а а а

„Враќањето дома, ни стана радост. Децата можат безбедно да играат а електронските уреди не им се повеќе „најдобри другарчиња“.

Градскиот метеж се чини е стотици километри зад нас, а до центарот на градот не двојат само десетина минути возење!“, велат жители во комплексот “We and Natue”.

„Кога живеевме во центарот на градот, мислевме дека духот на солидарноста, дружењето со соседите и мирот е неповратно загубен. Но по речиси две години, тука во нашето ново маало во We and Nature, ни се врати животната радост“!

„Продуктивноста на работа ни се зголеми а децата растат здраво и безбедно, спортот ни е секојдневие а викендите вистинска радост со соседите!“

Индустријализацијата на градовите во повоениот период од минатиот век, со децении ширеше „романтизам“ за полесниот и поубав живот во урбаните средини. Но, идејата дека ќе жртвувате по малку од сѐ, а градовите ќе ви овозможат инфраструктура во која се ќе биде полесно, падна во вода. Оваа „инвазија врз асфалтот“, создаде неплански пренаселени градови во кои живеачката е концентрирана во централно подрачје, и во која буквално од ден на ден се бориме и за кислород, и за паркинг место. Да не зборуваме за тоа каква анксиозност доживуваме при секоја прошетка со децата низ град во обид да се помине улица, булевар, да се протнеме на некој тротоар со надеж дека ќе стигнеме до некоја мала зелена површина на која децата ќе потрчаат и ќе поиграат топка. Анксиозноста пак, од ден на ден, води до токсичен стрес кој може да доведе до дијабетес, срцеви заболувања, депресија, дебелина или состојба на хронична болка.

Оваа реалност, според бројни научни студии, причина за развој на колективен песимизам да се оформи семејство во небезбедните градски средини. За жал, науката вели и дека оддалечувањето од природата, го зголемува ризикот за одредени болести за дури 60 отсто. Ова е аргументирано со клучните фактори за здрав живот што го нема во градовите како чистиот воздух, физичката активност на отворено, социјализација под ведро небо.

Секако дека, животот налага работата, школувањето и другите социјални активности да бидат организирани во градот, но домот, местото на неприкосновениот мир, може да биде во близина а сепак на поубаво и поздраво место опкружено со природа.

WE AND NAUTRE КРЕИРАА ДОМУВАЊЕ ЗА „СТАРОТО НОРМАЛНО“

Според одредени студии, времето поминато во природа допринесува за намалување на стресот како и за подобрување на концентрацијата и фокусираноста. Луѓето кои поминувале време во природа, имале подобрено емоционално здравје и помало чувство на општествена изолираност. Живеејќи или движејќи се близу зелени површини како паркови, полиња или градини, си ја зголемувате шансата и можноста за надворешни активности (трчање, пешачење, градинарење, играње и сл.) Ова секако го подобрува менталното и физичко здравје кај возрасните и кај децата.

Сите овие фактори, беа основен движечки мотив за креирање на резиденцијалниот комплекс We and Nature www.weandnature.com, во кој освен најважните егзистенцијални потреби од идеален дом во природа со чист воздух е надграден и обезбедува се што сте помислиле дека ви е потребно, а ви изгледало невозможно да биде содржано на едно место. И сето тоа на само десетина минути од центарот на Скопје.

Оние кои го направија првиот чекор, и се вдомија во We and Nature, резиденцијалниот комплекс во непосредна близина на Скопје споделуваат дел од искуствата:

„Враќањето дома, ни стана радост. Децата можат безбедно да играат а електронските уреди не им се повеќе „најдобри другарчиња“. Градскиот метеж се чини е стотици километри зад нас, а до центарот на градот не двојат само десетина минути возење!“, велат жители во Ние и природата.

„Кога живеевме во центарот на градот, мислевме дека духот на солидарноста, дружењето со соседите и мирот е неповратно загубен. Но по речиси две години, тука во нашето ново „маало“ во We and nature, ни се врати животната радост“!

„Продуктивноста на работа ни се зголеми а децата растат здраво и безбедно, спортот ни е секојдневие а викендите вистинска радост со соседите!“

ШТО СЕ ДОБИВАТЕ СО ВСЕЛУВАЊЕ ВО WE AND NATURE?

Непречено струење на сто проценти чист воздух во текот на сите годишни сезони, на подножјето на Скопска Црна Гора е само еден од многуте причини да се мигрира домот од градската средина, без притоа да се наруши комфорот и потребата од градскиот живот. Сонот да се врати безгрижноста на секојдневието во домот и неговото опкружување, каде што оние мали радости како мезенце и скара со соседите, додека дечињата играат и другаруваат во несообраќајна зона пред вашите очи, а на лето да можете да се опуштите со коктелче и сладолед покрај базен, We and Nature www.weandnature.com, го претворија во реалност.

Спој од сите вообичаени, традиционални потреби и модерно живеење кое го налага денешницата, со исклучителен квалитет во градбата, ја креираа атмосферата со која е направен овој комплекс за вашиот нов дом, во кој истовремено се „прегрнуваат“ и приватноста и квалитетната социјализација.

Куќите и инфраструктура која е на располагање на секој од косопствениците е во дворна површина од 13.000 квадратни метри.

Во севкупната спортско-рекреативната инфраструктура во рамките на комплексот, во која има игралиште за баскет, потоа игралиште за одбојка на песок, а подготвено е и целосно ново социјално катче за децата, со лизгалки , клацкалки, лулашки, гранде трамболина и сл, и тоа стратешки лоцирано пред терасата на заедничкиот простор, за да можат родителите спокојно да ги набљудуваат своите деца, додека си го користат и времето за себе.

А доколку имате потреба и од најразлични работни активности или едноставно сакате да организирате настани за личен развој или пак незаборавни прослави на располагање ви стои просторот од 100 квадратни метри, со претходна најава во системот за резервации каде членуваат сите жители на комплексот.

ПОСЛЕДНИОТ ЗБОР ЗА ЕНТЕРИЕРОТ ГО ДАВАТЕ ВИЕ, А НИЕ ИСПОЛНУВАМЕ

Оригинални модерни линии кои се беспрекорно архитектонски осмислени за надворешниот изглед на куќите, кои имаат внатрешна површина од од 160 м2, позиционирани на два ката се брендот на We and Nature www.weandnature.com. Водевме сметка за просторна организација која одговара за потребите на едно семејство, за ефикасно искористување на внатрешната површина, но оставаме последниот збор за деталите да биде ваш, со комплетна изведувачка логистика од наша страна. Така, во We and Nature, куќите се еднакви однадвор и истовремено прекрасна база секое семејство да си ја гради својата, единствена приказна внатре.

• Куќите се нудат во облик на целосно затворена карабина, со изработена фасада, прозорци и врати и поставен приклучок за струја и приклучок до водоводна и канализациона мрежа и геотермална (бунарска) вода. Инсталирани се 3 бунари со моќност од 10 литри во секунда.

• За чистиот воздух, водевме сметка да остане таков и во домот. Фасадите на куќите се изработени од 10 cm камена волна која е многу поздрава опција од стиропорот. Камената волна е природен материјал кој овозможува ѕидовите да дишат, за разлика од стиропорот кој го блокира протокот на кислород.

• Ова е исклучиво значајно во зимскиот период кога просториите поретко се вентилираат. Непреченото дишење на ѕидовите спречува внатрешна кондензација и влага во просториите, а со тоа не се дозволува таложење на бактерии и штетни микроорганизми, со што е гарантирана и долготрајноста и немате потреба од постојани реновирања а воздухот во објекти како овој, изолирани со камена волна е 100% чист.

• До вашиот нов дом е обезбедена и гаража на принципот лепенка до куќата со површина од 50м2, доволна за сместување на две габаритни возила, така што повеќе нема да губите нерви за паркинг место или да се грижите за безбедноста на возилата. Секоја куќа има и сопствена тераса од 40м2 во дворот или на 16м2 на горниот кат кој нуди прекрасен поглед.

• И кога ќе почнат летните горештини, освен што нема да имате специјална потреба од нездрави климатизирани простории или долго возење до некој јавен базен или излетничко место, во склоп на заедничка инфраструктура и на располагање на сите жители на комплексот е сместен и базенот со површина од 10м х 5м, во кој има и дел предвиден за најмалите пливачи. Тука, во непосредна близина до домот неколку месеци ќе бидат вистински рај за вашето слободно време, да впивате сончеви зраци, во мирно опкружување со музика, книга или пијалок во рака.

• Уште денеска размислете, дека секогаш постои подобар алтернативен начин да се живеат урбаните потреби и истовремено да се создаде дом од соништата, каде што и вашето семејство во зародиш, но и идните генерации ќе дишат чист воздух и воопшто слободно со полни плуќа ќе и се препуштат на радоста да бидат блиску до природата, со максимални расположливи услови за создавање на нови спомени. Ние се погриживме, вие одлучете каде ќе доверите иднината!

• Ако го предизвикавме вашето љубопитство, со задоволство ќе ви овозможиме прошетка низ резиденцијалниот комплекс We and nature, и трпеливо ќе одговориме на секое ваше прашање.

• Сите заинтересирани можат да се обратат со исполнување на формулар на веб страницата на комплексот.

http://weandnature.com/contact/

Комерцијален текст