Колку заработува извршниот директор на "Volkswagen"?

Точка

11/03/2025

18:01

1.717

Големина на фонт

а а а

Извршниот директор на "Volkswagen" и "Porsche", Оливер Блуме, минатата година заработи повеќе и покрај тоа што се откажа од дел од својата плата.

Со пензиските придонеси и повеќегодишните бонуси, Блуме во 2024 година примил речиси 10,35 милиони евра. Тоа е 6,5 отсто повеќе во споредба со претходната година, кога заработи 9,7 милиони евра, според бизнис-извештајот на концернот, пренесува "DPA".


Примaња од "Volkswagen" и "Porsche"

Вкупната плата на Блуме се состои од примања од "Volkswagen" и неговата концернска подружница "Porsche", бидејќи тој се наоѓа на чело на двете компании.

Во 2024 година, како и целиот управен одбор на концернот, Блуме се откажа од пет проценти од својата фиксна плата во "Volkswagen", па неговата основна плата беше намалена од 1,3 на 1,235 милиони евра.

Варијабилниот дел од примањата во "Volkswagen" исто така беше малку понизок од претходно. Сепак, во исто време се зголемија примањата на Блуме во "Porsche".


Управниот одбор заработи 40 милиони евра, но следуваат намалувања

Вкупно, деветте членови на управниот одбор на концернот заедно заработија околу 40 милиони евра.

Во наредните години се планираат поголеми намалувања на платите.

Во текот на оваа и наредната година, членовите на управниот одбор ќе се откажат од 11 проценти од своите вкупни примања.

Ако платите останат непроменети, тоа ќе значи заштеда од повеќе од четири милиони евра годишно за концернот.

По овој период, намалувањата постепено ќе бидат укинати.