[ФОТО] Многумина не знаеле дека славниот актер е 10 години во брак со маж: Кога се појавиле во јавноста сите гледале во нив

Точка

06/03/2025

17:19

1.603

Големина на фонт

а а а

Колман Доминго, кој беше номиниран за најдобар актер на Оскарите за улогата во филмот „Sing Sing“, на црвениот тепих на познатиот „Dolby Theatre“ дошол рака под рака со својот сопруг Раул Доминго, кој веќе 20 години е негов најголем поддржувач во животот и кариерата.

За специјалната пригода, Колман изгледал беспрекорно во црвено-црн костум, кој го надополнил со златен накит, додека Раул бил во елегантно црно кадифено свечено издание.


Инаку, Колман Доминго е американски актер, режисер и драматург, познат по неговите улоги во филмови и серии како што се „Ma Rainey’s Black Bottom“, „Euphoria“ и „Fear the Walking Dead“. Освоил Еми награда за улогата во серијата „Euphoria“, а неговиот талент бил препознаен и на Бродвеј.

Поврзани вести: Оскари 2025 - Листа на добитници

Раул Доминго, неговиот сопруг, е помалку познат на јавноста, но е многу почитуван во светот на Холивуд како продуцент и сценарист. Роден во Гватемала, тој работи главно зад сцената во индустријата и често е одговорен за проектите на својот сопруг.


Судбоносна средба пред аптека

Двајцата се во заедно од 2005 година, се венчале во 2014 година, но почетокот на нивната љубов е најинтересниот сегмент од нивното дводецениско коегзистирање, а приказната е достојна за романтично филмско сценарио. Колман за прв пат ја открил во 2022 година кога гостувал во „The Late Show with Stephen Colbert“.

„Во ред, замислете го ова – пред 17 години, одам по улица и влегувам во аптека во Беркли. Поминавме еден покрај друг. Не проговоривме ниту збор. Неколку дена подоцна, бев на сајтот „Craigslist“ обидувајќи се да купам користен компјутер за да можам да пишувам. На почетната страница видов секција „Пропуштени можности“, каде што луѓето оставаат огласи доколку сакаат да пронајдат некого кого среле случајно.


Бидејќи сум романтичар, одлучив да ги прочитам. Кликам на другата страна на огласот и гледам: „Те видов пред аптека во Беркли“, раскажал актерот во еден здив и целосно ги воодушевил присутните во студиото, а потоа и гледачите и корисниците на социјалните мрежи.

Колман додал дека Раул изгледал прекрасно кога првпат го здогледал. Дури и самиот размислувал да го постави својот оглас на споменатата страница, но набрзо сфатил дека Раул го престигнал за само два часа!


„Се сретнавме три дена подоцна и отидовме на нашиот прв состанок“, објаснил Колман, додавајќи дека таа вечер останал кај Раул.

„Се гушкавме и мислев дека заспал. А потоа, во четири часот наутро, не можев да заспијам и му реков: „Мислам дека те сакам и дека ќе ми го промениш животот“, додал тој.


Речиси десет години по нивната судбоносна средба, Колман и Раул се венчале во 2014 година. Тие организирале интимна церемонија во Калифорнија, но на гостите им кажале дека доаѓаат на обична домашна забава. Кога сите се собрале, биле пречекани со зборовите: „Добредојдовте на нашата свадба!

Минатата година ја прославиле првата деценија од бракот, а со оглед на тоа дека изгледаат многу среќно и хармонично – им се смешка и сребрена свадба.