[ФОТО] Едно од најскандалозните изданија на Оскарите: Гол задник, бизарно и урнебесно истовремено

Точка

04/03/2025

10:50

8.933

Големина на фонт

а а а

Се чини дека церемонијата на Оскар потполно ќе остане засенета од Венити фер забавата, која традиционално се организира по најпрестижната филмска манифестација. Додека поканетите пристигнувале во театарот Долби во гламурозни тоалети (или барем се обидувале да изгледаат така), на афтер забавата пристигнале многу оскудно облечени, речиси голи, покажувајќи на присутните, како и јавноста која ги следи, голи гради и задница.

Исто така, несомнено е дека многу познати жени потпаднале под „влијанието“ на скандалозните публикации на Бјанка Сенсори и нејзиното слободно откривање на интимните делови од телото, па самоуверено почнале да шетаат со голи брадавици и задници под проѕирните фустани. По Оливија Вајлд, Софија Вергара, Џулија Фокс и Бјанка Балти, Зои Кравиц успеала да ги надмине сите со провокативниот стајлинг.


Актерката и ќерката на легендарниот Лени Кравиц се појавила на црвениот тепих на гламурозната забава по Оскарите во елегантен долг црн фустан со едноставни долги ракави и на прв поглед се чинело дека одлучила да нè почести со недопрена елеганција и класична тоалета, каква што би облекле нејзините колешки од златното доба на Холивуд.


Меѓутоа, првиот впечаток умее да измами, а тоа овојпат се покажало на дело. Најпрво забележавме проѕирна ткаенина обложена со мали кристали на нејзиниот грб, а потоа погледот ни се спушти кон нејзиниот задник и таму следел најголемиот шок! Истата приказна како на грбот – гол и покриен со ситни пенливи камења, но многу јасно видливо што се крие под него.

Поврзани вести: Оскари 2025 - Листа на добитници

Транспарентната ткаенина на задната страна го стави во преден план нејзиниот задник, кој речиси целосно го разоткрил, а врв на сето тоа беше големата црна машна, додека белите мониста на проѕирната ткаенина давале дополнителен ефект на овој стајлинг.


А Зои – па, судејќи по фотографиите, би се рекло дека се потрудила да им даде до знаење на фотографите дека треба да го овековечат токму тој сегмент од нејзината модна комбинација. Доколку моментот на провокација завршел само на грбот, стајлингот би бил 10/10. Така успеала да го оттргне фокусот од својата извајана фигура и беспрекорниот избор на вечерни тоалети и да привлече флерт, коментирање, озборување и воодушевување – иако, со оглед на тоа што била во друштво на колешки кои се обидувале да играат на иста карта, не успеала да се прослави по својата „оригиналност“.