Возач на „Форд Мустанг“ започна необјаснив „поход“ врз околината.
Овој инцидент се случи во руската енклава Калининград, а на снимката што кружи на социјалните мрежи може да се види како невнимателниот возач ја претвора снежната улица во „зона на хаос“, удирајќи во сè што ќе му се најде на патот.
Снимката започнува со задните тркала на „Мустангот“ како се вртат во снегот, а се чини дека закачил еден „Mercedes“. Потоа, возачот нагло врти лево и удира во „Ford“, а потоа и во „Mazda“.
Иако му беше откинат браникот, возачот на овој „Mustang“ не застана – удри уште едно возило, возеше наназад, па удри и во паркирано „BMW“. Но, ни тоа не беше сè, бидејќи потоа удри уште едно возило.
Drunk man decides to go on a GTA-style rampage in Russia with a rented Mustang pic.twitter.com/t7hfMz5pRV
— RT (@RT_com) February 25, 2025
Неколку луѓе се појавија во обид да го спречат овој „полуден“ возач да го продолжи својот поход (вкупно удрил 11 автомобили), а еден од присутните дури го гаѓаше со снежни топки, додека другите се обидуваа да го сопрат. На крајот, една личност го сопна возачот и го собори на земја.
Не е познато што предизвика вакво однесување – адреналин, алкохол или само лоша проценка и серија несреќни одлуки. Некои медиуми пренесуваат дека станува збор за руски војник кој бил на отсуство и кој во алкохолизирана состојба управувал изнајмен автомобил, но официјални информации сè уште нема.