Вработена на крузер: „Ако знаевте што се случува зад кулисите, никогаш не би се качиле на брод“

Точка

14/03/2025

16:46

4.596

Големина на фонт

а а а

Вработена на крузер сподели вирално видео во кое преку низа фотографии откри тајни од животот на крузер, оставајќи многумина шокирани.

„Ако патниците знаеја што навистина се случува зад сцената, никогаш повеќе немаше да гледаат на крстарењата со исти очи“, напиша таа на својот "TikTok" профил "@your.beauty.dose". Видеото, кое досега е прегледано 8,3 милиони пати, откри некои шокантни детали од животот на брод.


Мртовечници, тајни кодови и бродски затвор

Една од најголемите тајни е постоењето на скриени мртовечници под палубата. „Се користат почесто отколку што мислите“, напиша таа, откривајќи дека телата на починатите патници се чуваат во специјални простории сè додека бродот не пристигне во првото пристаниште.

Освен тоа, таа ја спомена и „собата со ананас“, а симболот наопаку поставен на вратата на некои патници всушност претставува код за свингерската заедница.


„На бродот постои и затвор – мала, заклучена просторија во која се сместуваат патниците што ги прекршиле правилата, сè додека бродот не пристигне во следното пристаниште“, напиша таа.

Но, многумина беа уште пошокирани од следното откритие:

„Супата што ја јадете? Можеби започнала како прилог од синоќешната вечера.“

Таа откри дека остатоците од храна често се рециклираат и користат за подготовка на нови оброци.


Тајни премини, исчезнување на патници и скриени камери

Во подоцнежни видеа, вработената откри дека на бродовите постојат тајни премини и кабини кои ги користи исклучиво персоналот, без патниците да знаат за нив.

Дополнително, нагласи дека понекогаш поминуваат часови пред некој да забележи исчезнат патник.


„На одредени делови од бродот има скриени камери за кои патниците не знаат – тие го следат секој нивен чекор.“

Овие откритија предизвикаа бурни реакции на социјалните мрежи, а видеото продолжува да се споделува и коментира.