[ФОТО/ВИДЕО] Дали е ова портата на пеколот? Го нарекуваат Света дупка, инженерско чудо и природен спектакл

Точка

17/03/2025

21:53

2.210

Големина на фонт

а а а

На езерото Бериеса, кое се наоѓа во округот Напа, Калифорнија, се наоѓа уникатно инженерско решение во светот, одвод познат меѓу локалното население како „Glory Hole“.

Оваа бетонска инка, која наликува на џиновски одвод за када или на црна дупка, привлекува посетители од целиот свет, особено кога се активира по обилните дождови.

Функција и настанување

Изграден во 1957 година, заедно со браната Монтичело, примарна цел му е да спречи излевање на езерото. Кога нивото на водата ќе достигне 134 метри надморска височина, вишокот вода почнува да се излева во овој одвод, со дијаметар од 22 метри. Водата потоа патува околу 60 метри вертикално надолу и се влева во потокот Путах од другата страна на браната.

Поради тесниот кањон на Ѓаволската порта, каде што се наоѓа браната Монтичело, немало доволно простор за изградба на класичен наклонет одвод. Затоа инженерите се одлучиле за ова необично, но ефективно решение.

Ретка глетка и туристичка атракција

„Glory Hole“ не се активира често. Од завршувањето на браната, бил во функција само 27 пати, последен пат во февруари 2019 година. Токму оваа реткост ја прави оваа глетка уште попривлеќна. Кога ќе се активира, привлекува бројни љубопитни луѓе и туристи кои сакаат да бидат сведоци на овој необичен хидролошки феномен.