ТикТок е преплавен со снимки од бизарен тренд кој се шири меѓу помладите мажи, а кој изненади многумина. Имено, на социјалните мрежи се прошири видеото кое прикажува момче како ги крати трепките за да изгледа помажествено.
Истото за кратко време стана вирално и собра бројни коментари.
„Ова е злосторство против човештвото“, „Човеку, што сè би дал јас да имам такви трепки … дали момците разбираат дека жените сакаат убави трепки на мажите? и „Трепките всушност имаат функција. Значи, мажите повеќе би сакале да добијат инфекција на очите отколку да изгледаат ’женствено‘? Најглупавиот маж досега“, се дел од коментарите.
Бизарен тренд на ТикТок
Сепак, не станува збор за само еден маж. На ТикТок постојат бројни снимки кои прикажуваат момци како ги потстрижуваат трепките во фризерски салони, а некои дури и ги бричат целосно.
Watch on TikTok
„За оние кои велат дека ова не е тренд, еве уште едно видео од момче како си ги бричи трепките за да изгледа помажествено“, се вели во друго видео.
Watch on TikTok
Бербер кој објавува на профилот „@truethebarberartist“ откри во виралното видео кое е прегледано повеќе од 19 милиони пати дека сè повеќе мажи ја бараат услугата за бричење на трепките за да изгледаат помажествено.
„Момци, што правите од себе?“
Трендот предизвика поделени мислења кај жените, а во коментарите под виралните видеа, бројни тиктокерки коментираа дека не разбираат зошто момците воопшто го прават ова.
Watch on TikTokWatch on TikTok
„Што е мажествено во бричење на трепките? Не разбирам“, „Момците со долги трепки се згодни, лол“, „Девојките сакаат долги трепки“, „Сега изгледаат погрдо“, „Знаат ли дека трепките имаат своја функција?“, „Ова е потег на еден дечко кој е несигурен во себе“, беа само дел од коментарите.