Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има „голема почит“ за украинскиот претседател Володимир Зеленски пред нивниот состанок во Белата куќа. Неодамна го нарече „диктатор“.
На прашањето на Би-би-си дали ќе се извини што неодамна го нарече „диктатор“, Трамп одговори дека не се сеќава дека го рекол тоа. Тој, исто така, го нарече Зеленски „многу храбар“.
„Го реков тоа? Не ми се верува дека сум го рекол тоа“, одговори Трамп.
Reporter: Do you still think that President Zelensky is a dictator?
— Republicans against Trump (@RpsAgainstTrump) February 27, 2025
Trump: “Did I say that? I can't believe I said that"
(yes, he did, more than once) pic.twitter.com/QcnGOpOKJG
Трамп зборуваше по состанокот со британскиот премиер Кир Стармер за ставање крај на војната меѓу Украина и Русија. Тој предвиде „многу добар состанок“ со Зеленски денеска, истакнувајќи дека мировните напори „се движат доста брзо“.
Овие состаноци доаѓаат откако администрацијата на Трамп ги шокираше западните сојузници со одржувањето на првите разговори на високо ниво на САД со Москва откако Русија ја нападна Украина пред повеќе од три години. Американскиот претседател претходно го обвини Зеленски за војната и го прекори што не ги започнал мировните преговори порано.
„Таму сте три години“, рече тој минатиот вторник. „Требаше да заврши… Не требаше ни да започне. Можевте да постигнете договор“, им рече тој на Зеленски и Украина. Но, вчера, по средбата со Стармер, Трамп им рече на новинарите: „Мислам дека утре наутро ќе имаме многу добар состанок. Ќе се сложуваме многу добро“.