Димитриеска-Кочоска со навреди до Петровска: Врз која основа вие ги ставате в уста мајките што имаат деца, јас сум мајка на два сина и добро знам колку троши 4 члено семејство

Макфакс

27/02/2025

17:39

2.488

Големина на фонт

а а а

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска ја навреди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, велејќи дека нема право да зборува за мајки и семејства, за разлика од неа која е мажена, има семејство, има два сина.

„Пратеничке Славјанка Петровска, врз основа на што вие ги ставате в уста мајките што имаат деца и како знаете вие едно повеќечлено семејство колку треба да троши? Јас сум мајка на два сина и многу добро знам колку треба да троши едно 4-члено семејство. И научете во пописот што вие го направивте, едно просечно семејство е 3-члено, а не 4-члено. Во однос на грашокот, и јас сакам да купам од конзерва, ама не сум сама, четири члена сме. Мораме да одиме во најевтините маркети и да купиме замрзнат грашок. Тоа беше коментарот, зошто да купуваме грашоци кои се поскапи од 100 денари. Исто беше и за млекото. Некој може троши и по 18 литри, а некој воопшто не пие. Бадемовото вам ќе ви го оставам, вам ви треба, а не мене!“, рече министерката.


Петровска ја критикуваше министерката за нејзините ставови.

„Министерке, ако ја направиме логиката како што вие ја направивте, ќе видите дека 13 литри млеко не се доволни за едно 4-члено семејство, освен ако не ги заменувате со бадемово млеко“, рече Петровска и додаде:

„Ако имаше дно, вие го пробивте“, заклучи Петровска.