[ФОТО/ВИДЕО] Трамп и Макрон во нов „дуел во ракување“ – кој ќе победи овој пат?

Точка

24/02/2025

19:33

1.490

Големина на фонт

а а а

Трамп и Макрон често се натпреваруваат при ракувањето за да видат кој ќе ја стисне раката на другиот посилно.

Американскиот претседател Доналд Трамп (78) денеска во Вашингтон ќе го пречека францускиот претседател Емануел Макрон (47). Со оглед на серијата чудни и на моменти болни ракувања што ги имаа во минатото, не е исклучено и оваа средба во Белата куќа да биде уште еден обид за доминација.



Сè започна во 2017 година, кога двајцата првпат официјално се сретнаа на крајот на мај во Брисел, пред самитот на НАТО.

Макрон тогаш толку силно ја стегна раката на Трамп што неговите зглобови побелеа.


Американскиот претседател се обидуваше да ја извлече раката, но безуспешно – новинарите веднаш го забележаа тоа. Конечно, беше „ослободен“ дури кога францускиот претседател, кој е повеќе од четири децении помлад, реши да ја пушти неговата рака.


Подоцна, Макрон за француските медиуми изјави дека ракувањето со Трамп „не било наивно“ и дека тоа било „момент на вистината“, бидејќи сакал „да му покаже на американскиот претседател дека нема да прави никакви отстапки, ниту симболични, но и дека нема да претерува“.


На 14 јули 2017 година, за време на прославата на Денот на Бастилја во Париз, Трамп повторно го фати Макрон за рака и долго ја држеше.

Во изјава за „Журнал ду Диманш“, Макрон рече дека на овој начин сакал да ја стекне почитта на Трамп.


Сепак, за нивниот следен состанок на 14 јули истата година, Трамп изгледаше подобро подготвен. На прославата на Денот на Бастилја, пред нивните сопруги и пред целиот свет, тој толку силно го стегна Макрон за рака и не го пушти, што францускиот претседател за малку ќе се сопнеше додека одеа по Шанзелизе.


Дури и при првата посета на Трамп на Париз по освојувањето на вториот претседателски мандат, во декември минатата година за повторното отворање на катедралата Нотр Дам, овој необичен натпревар не изостана.

Сепак, се чинеше дека овој пат Макрон беше подобро подготвен.