Кумановка на возраст од 41 година (М.М) пријавила во полицијата дека А.М.(39) и неговата сопруга А.М.(35) од селото Арачиново, скопско, не ѝ го давале нејзиното новороденче.
Според пријавеното, пред околу четири месеци, додека била бремена, се запознала со сопружниците, кои ѝ понудиле финансиска помош откако ќе се породи.
Како што е пријавено, таа се породила на 18 февруари, а на 20-ти излегла од болница и била пречекана од сопружниците, кои и предложиле да потпише изјава кај нотар за да може бебето неколку дена да остане кај нив. Исто така, според пријавеното, следниот ден таа го оставила бебето во нивниот дом и А.М.(39) и дал пари, а кога побарала по два дена да си го земе бебето, тој не ѝ го дал со образложение дека ќе остане кај нив, информираа од МВР.
Доцна синоќа околу 01.40 часот, полициски службеници ги привеле сопружниците.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.