Новата опција на WhatsApp ги иритира корисниците: Еве како да се ослободите од неа доколку ви се појави

Точка

24/02/2025

18:30

845

Големина на фонт

а а а

Иако новата опција засега е достапна само за ограничен број корисници, тоа беше доволно за оние кои ја испробаа да ја истакнат нејзината најголема маана.

Сведоци сме дека вештачката интелигенција секојдневно напредува и добива нови функции. Мета веќе некое време ја тестира имплементацијата на новите функции на својата генеративна технологија, Мета AI, во своите платформи и апликации.

Но, токму оваа нова функција на најпопуларната апликација за комуникација во светот предизвика незадоволство кај корисниците, кои сметаат дека ја нарушува леснотијата на користење и ја намалува јасноста на екранот на телефонот.


Затоа, Мета ја воведе Meta AI на WhatsApp, овозможувајќи им на корисниците да разговараат со вештачка интелигенција, да поставуваат прашања, да бараат препораки, да создаваат фотографии со помош на вештачката интелигенција и да комуницираат со Meta AI во постојните групни разговори.

Иако новата опција засега е достапна само за ограничен број корисници, тоа беше доволно за оние кои ја испробаа да ја истакнат нејзината најголема маана. Со интеграцијата на вештачката интелигенција, апликацијата WhatsApp доби нова икона во горниот дел на почетниот екран која веднаш привлекува внимание и го одвлекува погледот додека апликацијата се користи.


Не помина долго време пред корисниците на WhatsApp, иритирани од присуството на иконата со вештачка интелигенција, да започнат дискусии на Reddit и да најдат начин како целосно да ја отстранат.

Ако и вие се соочувате со овој проблем во апликацијата WhatsApp, еве како можете да ја отстраните во само четири чекори:

1. Отворете ја апликацијата WhatsApp.

2. Кликнете на трите точки во горниот десен агол и изберете „Settings“.


3. Кликнете на „Chats“.

4. Најдете ја опцијата „Show Meta AI Button“ и исклучете ја.