Актерот Харисон Форд (82) привлече внимание на синоќешното доделување на наградите САГ. За време на церемонијата на отворањето на доделувањето на наградите, легендарниот 82-годишен актер јадел чипс, што целосно ја збуни неговата колешка Џесика Вилијамс, додека го држеше својот говор.
„Лос Анџелес е познат како град на соништата – и, навистина, сите мои соништа овде се остварија“, го започна својот говор Вилијамс.
Но, додека таа зборувала пред камерата, Форд седел зад неа и јадеше чипс, што ѝ го одвлекло вниманието. Таа збунето застанала, се насмеала и извикала: „Му реков да се сврти!“. Форд потоа се свртел кон масата и продолжил да јаде. „Не гледај!“, извикала Вилијамс смеејќи се.
Таа го продолжила својот говор: „Од мојот сон да се подготвам за аудиција во тоалетот во Старбакс, до мојот сон да плачам во тоалетот во Дел Тако по аудицијата. Го реализирав сонот да се пресоблечам во автомобил паркиран на улица, не толку фенси за некоја жена да повика полиција“. Кога завршила со зборувањето, Вилијамс се свртела кон Форд и на шега го удрила во градите, додека двајцата се смееле.
Вилијамс и Форд глумат заедно во серијата „Shrinking“ заедно со Џејсон Сегел, Лук Тени, Мајкл Ури и Криста Милер. Целата екипа беше номинирана за извонредна изведба од ансамбл во хумористична серија на наградите САГ, додека Форд беше номиниран и за најдобра машка улога на актер во хумористична серија.
Џесика Вилијамс е американска актерка, комичарка и сценарист, позната по улогата во серијата „Shrinking“ и како една од водителките на популарниот поткаст „2 Dope Queens“. Таа, исто така, глумеше во филмови како „Фантастични ѕверови: Злосторствата на Гринделвалд“ и „Буксмарт“, а пошироко се препознава со нејзината работа во сатиричната емисија „Дејли шоу“.