Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис повторно го привлече вниманието по говорот на бродвејската претстава „A Wonderful World: The Louis Armstrong Musical“, а нејзиниот настап стана вирален на платформата X.
Харис и нејзиниот сопруг Даг Емхоф присуствуваа на две претстави на Бродвеј, меѓу кои и „A Wonderful World“ и „Gypsy“, а откако публиката ја поздрави претставата со аплауз и овации, Камала одржа говор пред членовите на актерската екипа и продукцијата.
Имено, таа за време на својот говор зборуваше за важноста на борбата за човекови права, потенцирајќи дека „се соочуваме со закана од губење на тие права“.
„Напредокот на една нација отсекогаш бил врзан за проширување на правата, а не за нивно ограничување“, рече Харис, и додаде дека е неопходно да се биде „внимателен и буден“ во борбата за зачувување на тие права.
This lady thinking “this bchhh is crazy”
— PitunisWorld 🌎 (@ScMesab) February 16, 2025
🤣 pic.twitter.com/Tv5PLn2Oui
Иако нејзиниот говор наиде на одобрување од присутните актери и нивните сопружници, многумина ја исмејуваа на социјалните мрежи поради нејзиниот збунувачкиот и нејасен начин на изразување. Некои дури ја споредија со „пијана тетка“ и ги критикуваа луѓето кои аплаудирале, бидејќи сметаат дека не кажала ништо значајно.
Овој инцидент уште еднаш предизвика коментари за нејзината политичка кариера, со потсетување на нејзиниот пораз на претседателските избори минатата година, кога, по повлекувањето на Џо Бајден, таа беше кандидатка на Демократите, која не успеа да го победи Доналд Трамп.