Не е познато кои би биле последиците од прекршување на договорот со производителот, но ако некој понуди милион долари за автомобил што чини 325.000 долари, можеби ризикот би вредел.
"Mustang GTD" е исклучително посебен и многу редок автомобил, а се надеваме дека барем некои од сопствениците навистина ќе седнат зад воланот и ќе уживаат во возењето на начинот на кој е замислен. За жал, поверојатно е дека многумина ќе поминат само неколку лесни километри, а потоа ќе го складираат во климатизирана гаража, чекајќи можност за препродажба со голем профит.
Сепак, ваквите сопственици ќе мора да почекаат најмалку две години пред да им се укаже таа можност.
Ова не е некое големо изненадување. "Ford" имаше сличен услов и за купувачите на својот претходен ексклузивен модел, "Ford GT".
Според извештајот на "Ford Authority", купувачите на "Mustang GTD" нема да можат брзо да го препродадат автомобилот, без разлика на околностите. Претставник на "Ford" ја потврди оваа информација за "Motor1":
„Купувачите на "Ford Mustang GTD" се согласуваат со доверливи услови и одредби, кои вклучуваат обврска да ја задржат сопственоста на автомобилот најмалку две години.“
Ова би можело да биде предизвик за некои купувачи. "Ford" откри дека повеќе од 7.500 луѓе поднеле пријава за купување на "Mustang GTD", и тоа само во Северна Америка.
Официјалните податоци за производство не се објавени, но во пријавата се споменуваше опсег од 300 до 700 примероци годишно.
Во најдобар случај, тоа значи дека во првите две години ќе бидат произведени околу 1.400 автомобили, што остава повеќе од 6.100 разочарани купувачи кои ќе бидат подготвени да платат висока цена за да дојдат до својот примерок.
Се поставува прашањето: колку се подготвени луѓето да платат за "Mustang GTD"? Официјалната почетна цена веќе е прилично висока – околу 325.000 долари, а во неа не се вклучени опции како "Performance Package", кој е задолжителен ако сакате да постигнете време под седум минути на Нирбургринг.
Да потсетиме на случајот со Џон Сена и неговиот "Ford GT". Тој ја прекрши двегодишната забрана, наводно продавајќи го автомобилот со огромен профит, по што "Ford" реагираше со правни мерки.
Не е познато кои би биле последиците од прекршување на овој договор за "GTD", но ако некој понуди милион долари за "Mustang" од 325.000 долари, можеби ризикот би вредел.
Набрзо ќе дознаеме како ќе се развива ситуацијата, бидејќи првите испораки на "GTD" веќе се во тек.