Пејачката Пинк чие вистинското име е Алесија Бет Мур-Харт, речиси 30 години ги воодушевува обожавателите со хит песни како „So What“ и „Just Give Me a Reason“. Меѓутоа, тие дури неодамна го дознаа вистинското значење на нејзиното уметничко име, а многумина се шокираа.
Не, бојата на косата нема никаква врска со нејзиното име
Иако повеќето претпоставуваа дека тоа име е поврзано со нејзината розова коса, за која пронашла инспирација во филмот на Квентин Тарантино „Reservoir Dogs“, поточно – ликот Mr. Pink кој го толкуваше Стив Бушеми.
Меѓутоа во едно интервју, Пинк ја откри 18+ причината зошто го избрала тоа уметничко име.
„Мојот најдобар пријател никогаш претходно немал видено женски полов орган на бела девојка, па ме праша дали може да види, јас му покажав, а тој ми рече: „Розова е!“. Оттогаш моите пријатели почнаа да ме нарекуваат Mr. Pink“.
Исто така пејачката раскажа анегдота за моментот кога го сретнала Бушеми во Њујорк во 2000 година. Неговиот одговор на нејзиниот воодушевување бил – бегство.
„Налетав на Стив Бушеми на улица во Њујорк пред да излезе мојот прв албум. Ги носев оние големи очила за сонце, розова коса и носев играчка Пинк Пантер. Му реков: „Стив! Господине Пинк! Јас сум Пинк. Поради тебе! Ќе објавам албум и ти ќе дознаеш која сум. А тој рече „what the f***“ и само избега од мене. Оттогаш не се плашам од него!“ раскажа пејачката.
Прекар од детството
Од друга страна за време на гостувањето во шоуто „The Rosie O’Donnell“, Пинк понуди сосема поинаква причина за изборот на уметничкото име.
Таа откри дека ја нарекле Пинк откако нејзината симпатија во кампот ѝ ги спуштила панталоните пред сите, а таа поцрвенела. „Сите почнаа да викаат – погледнете ја, розова е!“, изјави пејачката.