Кајли Џенер и нејзиното момче Тимоти Шаламе присуствуваа на Берлинале, каде што беше промовиран филмот во кој Шаламе толкуваше една од улогите.
Откако Шаламе се појави на црвениот килим пред специјалната проекција на филмот „A Complete Unknown“, тој повторно се сретна со својата девојка во театарот. По тој повод, Кајли и Тимоти седеа заедно додека публиката го награди Шаламе со аплауз за неговата улога.
Џенер во еден момент го погали Шаламе по лицето, а нејзината реакција предизвика низа коментари на социјалните мрежи.
„Кајли изгледа како средовечна разведена мајка која се гордее со својот син“, „Одбивам да прифатам дека тие всушност се во врска“, „Изгледа дека Кајли сето ова го прави поради камерите“, „Ова е најчудната врска“, беа дел од коментарите.
Првите гласини за врската на Кајли и Тимоти се појавија во април 2023 година, а само два месеци подоцна тие за прв пат беа фотографирани заедно.
Извор близок до Кајли претходно откри за „Us Weekly“ дека Тимоти и Кајли имаат посебен однос кој се трудат да го држат подалеку од камерите.