Откако принцот и принцезата од Велс објавија романтична фотографија за Денот на вљубените, Меган Маркл веднаш го направи истото и сподели фотографија со принцот Хари. Соопштението беше проследено со емотивна порака.
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон споделија фотографија на интернет на која се држат за раце и седат на ќебе во шумата, додека принцот од Велс ја бакнува Кејт во образот.
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) February 14, 2025
Фотографијата е направена во исто време со видеото во кое принцезата во 2024 година објави дека завршила со хемотерапија.
Нивната роднина, побрза што поскоро и таа да ја покаже нејзината љубов кон сопругот
Имено, Меган Маркл, војвотката од Сасекс, на својот новоотворен профил на Инстаграм сподели досега невидена фотографија со нејзиниот сопруг за да го одбележи Денот на вљубените.
Парот го поминува одморот одвоено бидејќи принцот Хари продолжува да ги поддржува неговите игри „Инвиктус“ во Канада, додека Меган се врати дома во Калифорнија за да биде со нивните две деца, принцот Арчи (5) и принцезата Лилибет (3).
Меган објави црно-бела интимна фотографија на која парот се бакнува додека јаде.
„Дома се грижам за нашите бебиња и ми недостасува мојот Валентајн, додека тој продолжува на игрите ‘Инвиктус’, менувајќи ги животите и потсетувајќи нè сите нас на моќта на исцелувањето и издржливоста преку овие неверојатни ветерани и нивните семејства. Повеќе од горда на мојот сопруг и она што тој го создаде“, напиша Меган.
„Љубов моја, секогаш ќе јадам хамбургери и помфрит и риба и чипс со тебе. Ти благодарам што постоиш“, продолжи таа во објавата.
Меган ја заврши објавата со хаштагот „љубовта победува“ / #lovewins и потписот „Како и секогаш, М“.