[ВИДЕО] Ријана во полуголо издание го рекламира својот спреј за коса: За 16 часа собра повеќе од милион прегледи

Точка

14/02/2025

18:33

3.527

Големина на фонт

а а а

Ријана вчера на социјалните мрежи претстави нов производ за коса, а нејзината објава привлече големо внимание.

Имено, во видеоснимката во која нанесува спреј за закрепнување на косата „Fenty Hair“, 36-годишната пејачка се појави во боди во беж боја, кој ги истакна нејзиниот задник и бујното деколте.

Таа за оваа пригода носеше и златен ѓердан, и минимална шминка, што направи да изгледа особено природно.

Насмеаната Ријана ја испрска косата со својот нов производ, а потоа позираше во атрактивното издание. Објавата брзо привлече големо внимание, а на Инстаграм собра повеќе од еден милион прегледи за помалку од 16 часа. Бројните обожаватели на пејачката со воодушевување го коментираа нејзиниот изглед.

„Таа е толку убава“, „Не сфатив веднаш дека го рекламира спрејот за коса“, „Таа многу добро знае што прави“, „Ова го прегледав неколку пати“, „Беспрекорна кожа“, „Прекрасна“, „Има прекрасно тело“, беа само дел од коментарите под објавата.

Инаку, Ријана ја лансираше својата линија за нега на коса „Fenty Hair“ во јуни 2024 година.


Исто така таа неодамна сподели и неколку фотографии на кои ја рекламира долната облека од нејзината нова колекција „Savage X Fenty“. Најпрво, пејачката ја објави колекцијата „Loveline“, која беше специјално дизајнирана за Денот на вљубените, а за таа цел се појави во црвен градник, халтери и танга гаќички. Набргу потоа, објави и колекција долна облека во црна боја.