Американската актерка Кејт Хадсон доживеала незгода со фустанот за време на панел-дискусија за новата сезона на серијата „Running Point“.
Имено на 45-годишната актерка не ѝ требало многу време да зажали што решила да носи црн фустан со длабоко деколте, кој за неа го избрал стилистот Марк Ерам, за прикажувањето и панел дискусијата на новата сезона на серијата на Нетфликс.
Пред публиката во „The Paley Center for Media“ во Мидтаун (Њујорк), модераторката Саманта Бери ја прашала актерката зошто ѝ е важно да биде извршна продуцентка на оваа серија на Нетфликс, а Хадсон пред да одговори, почувствувала како нејзиниот фустан се кине на левата страна, и извикала: „Охх“.
Актерката веднаш ја ставила раката на градите и почнала да се смее бидејќи била свесна дека публиката може да ѝ ги види градите.
Неколку моменти подоцна, нејзината колешка Бренда Сонг заштитнички застанала пред неа додека актерот Џастин Теру и модераторката Саманта Бери станале да ѝ помогнат.
Само 30 минути подоцна, Хадсон го доживеала истото откако ѝ аплаудирала на својата колешка Џеј Елис. Меѓутоа, овој пат ѝ помогнал само Џастин Теру. Хадсон подоцна посебно ја пофалила нејзината колешка Бренда Сонг, која станала и застанала пред неа за да ја заштити од несаканите погледи од публиката.