Холандскиот блогер за патувања Лук Патрик Хугмоед објави хумористично видео во кое ги наведе работите кои никогаш не треба да ги изговорите кога патувате на Балканот.
Тој изјави дека многупати го посетил Балканот, и дека тој станал негов омилен дел од Европа поради неговите „прекрасни луѓе, безбедни градови, недопрена природа и топла култура“.
Меѓутоа, тој истакна дека постојат и некои работи кои треба да избегнувате да ги кажувате при посетата.
„Кога и да сте во Србија или Хрватска, само договорете се со тамошните жители околу националноста на Тесла. Каде и да се наоѓате во овие земји, не кажувајте дека тој бил Американец“, рече блогерот.
Потоа нагласи дека Балканот не е најдоброто место за неконсумирање месо.
„Ако кажете „Јас сум веган“, може да добиете чудни погледи. Но не го сфаќајте тоа сериозно, се разбира, ништо лошо нема да ви се случи ако сте веган“, додаде Хугмоед.
Тој потоа рече: „Никогаш не прашувајте некој од Балканот дали зборува руски. Тоа ќе ве убие …“.
„Како некој кој не пие алкохол, од прва рака го доживеав шокот што луѓето го чувствуваат кога ќе им кажам дека не пијам. Нивните лица зборуваат само за чист шок“, продолжи тој.
Тој истакна дека треба да се внимава при спомнувањето на Косово, особено во Србија и Албанија.
„Не сакам фудбал“. Тоа е исто така забрането во овие краишта. Само преправајте се дека ви се допаѓа, а ќе добиете дополнителни поени ако го знаете локалниот тим“, рече тој, истакнувајќи дека на неговото видео не е прикажан натпревар од Балканот.
Уште едно нешто кое го спомна е мислење за Тито: „Повторно, обидете се да бидете внимателни со вашето мислење за овој човек и за Југославија воопшто. Многу луѓе имаат драстично различни ставови за историјата, затоа имајте почит. И повторно, секогаш можете да прашате нешто. Балканците многу љубезно ќе ја објаснат својата историја.“
„Балканците се многу страсти, а често се прикажани како ладни и луди пијаници, но не се (сите) такви, не грижете се“, додаде блогерот.