[ВИДЕО] „Татко ми беше неонацист и педофил“: Братот на обвинетиот оскаровец ги открил мрачните тајни на нивното детство

Точка

13/02/2025

15:06

2.606

Големина на фонт

а а а

Кевин Спејси со години е на суд поради обвинувања за сексуална злоупотреба од мажи. Самиот актер самиот поминувал низ пекол додека растел.

Познатиот актер Кевин Спејси се соочува со ново обвинение за сексуален напад врз маж, а штотуку беше ослободен од претходните обвиненија. За време на претходните судења, тој открил шокантни детали за неговото воспитување, во кое главна фигура бил неговиот татко, со тврдења дека тој и неговиот брат биле злоставувани.


„Мојот татко веруваше во надмоќта на белата раса и беше неонацист. Ги слушав неговите уверувања со часови. Никогаш не зборував за тоа“, рекол тој, пренесува „Daily Beast“.

Овие тврдења биле поткрепени со изјавите на неговиот брат Ренди Фаулер, кој вели дека и самиот Кевин станал „чудовиште како оној што ги злоставувал“.

Кевин, наводно, бил злоставуван од неговиот татко – и тоа е нешто што тој „на почетокот го трпел, но подоцна и уживал, пред самиот да стане чудовиште“, барем според неговиот брат.

Ренди Фаулер бил гостин на поткаст во Детроит, неколку часа откако Спејси бил пред судот во Масачусетс по обвиненијата во 2019 година.

Оскаровецот во минатото признал дека се борел јавно да излезе како геј поради расистичките, хомофобичните и антисемитските ставови на неговиот татко.

„Пораснав во многу комплицирана семејна динамика“, зборувал тој, според „VanityFair“.


Тој исто така рекол дека додека растел, неговото семејство често се селело, бидејќи татко му често бил невработен. Раскажал и како бил „исплашен како дете“ и дека бил „принуден да ги слуша“ расистичките лекции на неговиот татко, што му оневозможувало да донесе пријатели во куќата. Кога му кажал на својот татко дека сака да стане актер, татко му одговорил: „Не биди п****“.

„Нема да го кажам тоа овде затоа што е навредливо“, рекол Спејси, додавајќи: „Секако дека чувствував малку срам“.

Потоа објаснил дека бил инспириран да стане изведувач, затоа што сакал да ја насмее неговата мајка Кејтлин бидејќи таа му ја всадила љубов кон филмовите.