Дензел Вашингтон: „Речиси си го прегризав јазикот на половина. Тоа влијае врз мојот говор“

Точка

12/02/2025

18:08

2.091

Големина на фонт

а а а

Актерот Дензел Вашингтон (70) откри дека се бори со последиците од сериозната повреда на јазикот, која значително влијаела на неговиот говор. Во текот на неговото гостување во поткастот „The Interview“ Вашингтон сподели дека пред неколку месеци претрпел сериозна повреда на јазикот.

„Речиси си го прегризав јазикот на половина. Тоа влијае врз мојот говор“, рече актерот. Меѓутоа не откри детали како го повредил јазикот и како се лекува.


Но, оваа здравствена компликација доаѓа во незгоден момент за Вашингтон, кој моментално се подготвува за главната улога во оживувањето на Шекспировата позната трагедија „Отело“ на Бродвеј. „Исклучително тешко ми е да зборувам, јазикот сè уште ми е отечен. Тоа влијаеше врз сè“, додаде актерот.

Се потпира на религијата

Актерот рече дека верата многу му помага во вакви моменти. „Се молам секој ден. Сега велам: „Во ред, Господе, тука сум, мислам дека ова е она што сакаше да го правам. Сега веќе не сум сигурен зошто, но можеме да зборуваме за случајности и судбина“, изјави актерот.


Инаку претставата Отело премиерно ќе биде изведена на 25 март во театарот „Етел Баримор“ во Њујорк.

Дензел Вашингтон е американски актер, режисер и продуцент, познат по своите харизматични и моќни изведби во филмовите и театарот.



Тој има освоено бројни награди во текот на неговата кариера, вклучително и два Оскари – за споредна улога во филмот „Glory“ (1989) и неговата главна улога во „Training Day“ (2001). Тој се истакна во филмовите како Малколм Икс, Филаделфија, Американски гангстер и „The Equalizer“. Покрај актерството, тој е познат по својата вера и хуманитарна работа.