Бјанка Ценсори денес е позната како скандалозна личност поради својот ексцентричен стил на облекување и сопруга на Канје Вест, но на големо изненадување, таа некогаш била сосема поинаква од денес.
Таа се облекувала сосема поинаку, а многумина велат дека за ова е заслужно нејзиното поранешно момче, кое сосема се разликува од Канје Вест.
Бјанка Ценсори го запознала поранешното момче Ник Форџин, бизнисмен од Австралија во 2007 година. Тогаш и двајцата имале само 14 години. Пред се тие биле пријатели, а потоа во 2015 година започнале врска. Следната година тие отпатувале во Њујорк, каде што таа започнала нов живот.
Набргу по нивното раскинување, Бјанка почнала да работи како архитект за брендот „Yeezy“ на Канје Вест во ноември 2020 година.
Бјанка изгледала сосема поинаку за време на врската со Ник, а се облекувала и сосема поинаку отколку сега. За почеток, била облечена.
Поранешниот пар изгледал како и секој друг, нејзиниот стил и тогаш привлекувал и внимание, иако Ник изгледал како „обичен тип“, кој се облекува како секој просечен богаташ, а Ценсори делувала многу среќно покрај него.
Дури и на сликите направени кога Бјанка и Ник биле во посета на САД, не се гледа никаква трага од голотија, која ја има во изобилство на нејзините фотографии со Вест.
Нејзиниот моден стил денес, е сведен на „голо тело“, што предизвика посебно внимание на неодамнешните Греми награди во Лос Анџелес.
Вистинската полемика е дали Вест ѝ диктира на Бјанка како ќе се облекува или сето тоа е во голема мера нејзина идеја.
„Бјанка отсекогаш беше поголема од Мелбурн (нејзиниот роден град) и двајцата го знаевме тоа. Еднаш патувавме во Америка и тaа ми рече дека ќе живее таму еден ден“, изјавило нејзиното поранешно момче, кое додало:
Bianca with her X boyfriend Nick Forgiane before Kanye came into the picture.. She was dressing decently pic.twitter.com/IGBbiyqSFB
— The Instigator (@Am_Blujay) March 20, 2024
„Девојката е исклучително талентирана и реши да го брка својот сон да стане познат архитект, и тоа го оствари. Секако дека ги поддржувам. Ако Бјанка е среќна со Канје, јас сум среќен поради неа. Таа секогаш ги поддржуваше моите врски. Им посакувам се најдобро и се надевам дека ова е модерна љубовна приказна“.