Бред Пит го покажа своето голо торзо и ги воодушеви обожавателките ширум светот. На новата промотивна фотографија за новиот филм „Ф1“, 61-годишниот актер откри импресивен број тетоважи, меѓу кои и посветата на Анџелина Џоли, нивните шест деца и натписи со лично значење.
На фотографијата додека лежи на жолт кауч облечен во светли панталони, на неговите гради и раце видливи се низа натписи и симболи. Тетоважите се вистински, и не се дел од неговата филмска улога.
Бред почнал да се тетовира во текот на врската со Анџелина Џоли, која е позната по бројните тетоважи, а многумина забележале дека некои негови тетоважи наликуваат на нејзините.
Некои тетоважи се посветени на Анџелина и нивните деца
Тетоважите на Пит имаат различно значење, пренесе „Daily Mail“. На неговата лева подлактница има француска фраза која се преведува како „животот е апсурден“. На своето тело тој носи и скица од најстарата мумија на светот, „Ötzi“. Под неа стои натписот Invictus (латински „непобедлив“), напишан со големи букви.
На десната рака има долга, тенка вертикална линија која се вкрстува со хоризонтална линија под зглобот, формирајќи крст. На неговото тело, актерот носи и неколку посвети за Анџелина, како датумот на раѓање на долниот дел од торзото и буквата „А“. Тој ги истетовира и иницијалите на сите шест нивни деца: „М“ за Медокс, „П“ за Пакс, „З“ за Захара, „С“ за Шајло, „К“ за Нокс и „В“ за Вивиен.
Иако претходно само повремено покажуваше поединечни тетоважи на раката или ногата, новата фотографија ги изненади обожавателите кои не знаеја дека тој е вистински вљубеник во тетоважите. „Бред Пит без маица. Денот веднаш ми стана подобар“, „Еве ме, се топам“, беа само дел од коментарите на неговите обожавателки.
„Ф1“ наскоро пристигнува во кината
Инаку, филмот „Ф1“ пристигнува во кината на 27 јуни 2025 година, а се снимаше во последните неколку години, и тоа на вистински Ф1 трки ширум светот.
Покрај Пит, во филмот глумат и Кери Кондон, Хавиер Бардем, Тобијас Менцис, Сара Нилс, Ким Бодниа и Самсон Кајо. Буџетот за снимање наводно надминал 300 милиони долари, со што овој филм за Формула 1 стана еден од десетте најскапи филмови во историјата.