[ВИДЕО] „Фудбалот во втор план“: Еквадорската репортерка на стадионот привлече огромно внимание со модното издание

Точка

12/02/2025

16:39

2.011

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се прошири и стана вирална видеоснимката од латиноамериканската репортерка Кети Валенсија која се јави во живо од Еквадор, каде што викендов се одржа големото дерби помеѓу Барселона и Депортиво Кито. Кети пред камерите се појави во комбинезон со големо деколте кој ѝ „создаде“ мал проблем.

Имено Кети во текот на вклучувањето проверуваше дали е сè е во ред со нејзиниот комбинезон и го поправаше деколтето. „Никој повеќе не го следеше фудбалот“, се пошегуваа корисниците на социјалните мрежи.

Инаку во градот Кито се одржа традиционалната манифестација „Noche Amarilla“. Луѓето се забавуваа на улиците со музика, а потоа се одржа пријателски натпревар меѓу двата најголеми клубови во градот, Барселона и Депортиво Кито, пренесе „The Sun“.



Специјален гостин на оваа манифестација беше поранешниот светски и европски шампион со Франција, Давид Трезеге. Натпреварот заврши со резултат 3:2 за Депортиво.

Која е Кети Валенсија?

Кети Валенсија е еквадорска спортска новинарка и водителка позната по нејзината работа на фудбалски настани во Еквадор. Таа е и една од најпознатите водителки во оваа земја.


Валенсија е популарна и на социјалните мрежи, има повеќе од 38 илјади следбеници на Инстаграм, а повеќе од 86 илјади следбеници на Тикток.


Бројот на нејзините следбеници вртоглаво се зголеми откако снимката од нејзиното последно вклучување во живо стана вирална.