[ФОТО] Бела Хадид сподели симболична фотографија и порача: Палестина им припаѓа на Палестинците

Точка

12/02/2025

21:33

932

Големина на фонт

а а а

Манекенката Бела Хадид, која потекнува од Палестина, сподели симболична фотографија на својот Инстаграм профил и уште еднаш го изрази својот став во врска со случувањата во Палестина.

Во својата објава, Хадид напиша: „Секогаш е и секогаш ќе биде. Корените во земјата, корените во нашата крв, корените во нашите срца, корените на палестинската култура и историја, тоа се длабоки корени. Нашите корени никој никогаш не може да нѝ ги одземе, без оглед на моќта, парите или личноста“.


Таа понатаму тврди дека вистинското знаење кое го поседува палестинскиот народ секогаш ќе напредува и никогаш нема да биде заборавено.

„Нашиот народ, моите предци, Палестинците се моментално погодени од овој хорор, не само во Газа, туку и на Западниот Брег, и сите тие ги заслужуваат основните човекови права. Тие ја заслужуваат слободата да пристигнуваат и заминуваат онака како тие посакуваат. Тие заслужуваат да останат поврзани со земјата каде што нивните предци живееле, сакале, ги основале своите семејства, заедници и средствата за живот стотици години наназад, Тие не треба да живеат во страв, понижување или под окупација“, додаде Хадид.


На крајот, таа испрати јасна порака: „Палестина секогаш ќе им припаѓа на Палестинците.

Нејзината објава наиде на голем број позитивни коментари: „Го сакам тоа што си бестрашна“, „Ти благодарам што ги користиш твоите платформи за да зборуваш за Палестина“, „Се гордееме со тебе“, беа дел од коментарите.



Потсетуваме, Бела Хадид и претходно проговори за ситуацијата во Палестина, а пред неколку месеци беше отстранета од рекламата на Адидас по критиките на Израел поради нејзината поддршка за Палестина. Инаку по двегодишната пауза, Бела се врати на модната писта во септември минатата година.