Пратеникот на СДСМ, Борче Цветков, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашање до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за тоа кој ќе понесе одговорснот во власта за дебаклот со мерките и така наречените „кошнички“ со што за осум месеци ги доведе граѓаните до работ на егзистенцијален колапс. Високи цени, погрешни мерки и стагнација на платите.
„Неспособноста и несериозните мерки на власта, за осум месеци ги доведе граѓаните до работ на егзистенцијален колапс.
Колеги пратеници од власта, не знам дали сте свесни, но секоја ваша нова мерка за наводна заштита на стандардот на граѓаните, не само што е задоцнета, туку и нема допир со реалноста и со она што значи вистинска потреба на граѓаните.
Осум месеци си играте со граѓаните, со нивната егзистенција. Осум месеци водевте инает, не прифаќате туѓи предлози како да се справите со предизвикот на високите цени на прехранбените производи.
Ветувавте подобар живот за граѓаните, ветувате грижа за се што ги засега. Што направивте?#, праша Цветков.
Според него, цените наместо надолу, вртоглаво пораснаа.
„Заради тоа што со вашите мерки им дозволивте на трговците да печалат на грбот на граѓаните.
Ги оставивте граѓаните сами да се снаоѓаат и да си да го решат проблемот, да ги бојкотираат маркетите, во услови кога од тој што треба – власта, не добија никаква заштита.
Да биде апсурдот поголем, најлицемерно вие министре Дурмиши и премиерот Мицкоски, истите вие што ги донесовте погрешните мерки, го поддржавте бојкотот. Со тоа го признавте неуспехот на погрешните мерки. Но, паралелно го признавте успехот на Владата на СДСМ за креирање на економски политики и мерки“, нагласи тој.
Ја коментираше и најновата мерка за замрзнување на маржите.
„Во состојба на безидејност, моравте да прикажете дека нешто работите, па најлесно ви беше да ја ископирате мерката од 2022 година.
Министре, и оваа мерка во дадениов момент ви е задоцнета, парцијална и ќе даде минорни и нецелосни ефекти, кои нема драстично да ги почувствуваат граѓаните … Потрошувачката кошничка нема да биде којзнае колку поевтина, оваа мерка нема целосна да го санира веќе оштетениот семеен буџет.
Со претходните мерки како што рече Владата веќе дозволила цените да достигнат плафон, а дополнително, платите не растат.
„Вашиот премиер Мицкоски предлага маркетите да ги објавувале цените на нивните веб-сајтови, а граѓаните сами да си споредуваат.
Ова е поигрување и потценување на интелигенцијата на народот, народот што ве гласал. Каква корист имаат граѓаните од тоа што ќе ги гледаат и споредуваат цените. Наместо конкретни решенија вие нудите „рецепти за експериментиж. Граѓаните скапо ја плаќаат вашата неспособност“, подвлече тој.