Многумина се сеќаваат на тоа колку Камила се бореше со капата на главa поради силниот ветер што дуваше на нејзиниот свадбен ден.
Токму пред 20 години, на 10 февруари 2005 година, британското кралско семејство објави дека тогашниот принц Чарлс и Камила Паркер Боулс се свршија. Денес тие се крал и кралица, а нивната љубовна приказна долго време беше предмет на медиумски наслови, бидејќи беа обвинети дека имале афера додека Чарлс беше во брак со принцезата Дијана.
Тие требаше да се венчаат на 8 април 2005 година, но го одложија венчувањето за 9 април поради погребот на папата Јован Павле Втори, на кој Чарлс присуствуваше во име на својата мајка, кралицата Елизабета Втора. Со оглед на тоа што и Чарлс и Камила веќе беа разведени и во претходни бракови, покојната кралица Елизабета Втора одлучи да не присуствува на свадбата во градското собрание. Како врховен поглавар на Англиканската црква, таа сакаше да остане неутрална, иако англиканската црква не се спротивставуваше директно на бракот на разведените личности. На венчавката им се придружија синовите на Чарлс, Вилијам и Хари, како и децата на Камила, Том и Лаура, заедно со браќата и сестрата на Чарлс, како и семејството на Камила.
Многумина сè уште се сеќаваат на тоа како Камила се бореше со капата на главата поради силниот ветер што дуваше на нејзиниот свадбен ден.
И покрај јавната изјава на принцезата Дијана дека во нејзиниот брак имало три лица, алудирајќи на Камила, таа не изгледаше вознемирена од негативните коментари кои се појавија откако Камила и Чарлс почнаа јавно да излегуваат како пар во 1999 година. Ова се случи само две години по трагичната смрт на принцезата Дијана во сообраќајна несреќа во Париз.
Таа се пресели во резиденцијата на Чарлс, Кларенс Хаус, во 2003 година, и од тогаш изгледаше како нивната љубов да станува посилна од сите неволји. Камила беше клучен поддржувач на Чарлс кога тој дозна дека има рак и мора да започне со хемотерапија. Таа исто така го охрабри кога принцот Хари и Меган одлучија да го напуштат Обединетото Кралство и да се повлечат од ангажманот како членови на британското кралско семејство.