[ФОТО] Една од најпопуларните пејачки на денешницата позираше за „Vogue“ како Мерлин Монро

Точка

11/02/2025

19:41

3.118

Големина на фонт

а а а

Сабрина Карпентер е една од најпопуларните пејачки на денешницата и глобален феномен, а благодарение на тоа стаса дури и до насловната страница на „Vogue“, на која се појави со халтери.

Со русите локни, винтиџ корсетот и халтерите, со својот изглед Карпентер потсети на Мерлин Монро. Заедно со крупните локни, пејачката покажа уште неколку впечатливи изданија, а облече и црвена тантелна комбинација заедно со црвени сандали со пердуви во иста боја.

Исто така, на фотографиите направени од Стивен Мејсел, пејачката може да се види во црно-бела комбинација составена од цветен горен дел и здолниште.

Второто издание вклучуваше жолт фустан кој беше еден од најголемите трендови минатата година, а истиот го искомбинира со светкав накит и салонки.

Токму во приказната од насловната страница, „Vogue“ се обиде да ја анализира неверојатната популарност на поранешната Дизни ѕвезда, сега 25-годишничка, која објави пет албуми во периодот од 2015 до 2022 година.

Сепак, нејзиниот шести албум „Short n‘ Sweet“, кој дебитираше на првото место на топ 200 листата на Билборд во септември, „погоди“ поинаква културна струја и го освои светот.

Токму Карпентер со песната „Espresso“ беше таа која ги освои стриминг платформите, а оваа песна само на Спотифај собра повеќе од 1,6 милијарди слушања ширум светот.