[ВИДЕО] Шакира во новото интервју: „Постои посебно место во пеколот за жени кои не поддржуваат други жени“

Точка

14/04/2026

11:27

486

Големина на фонт

а а а

За време на гостувањето во емисијата „Al Cielo Con Ella“, Шакира се осврна на „заповедите“ што ги промовира во рамки на својата тековна турнеја, и меѓу другото порача дека постои посебно место во пеколот за жени кои не поддржуваат други жени.

Додека гостуваше во шоуто, колумбиската ѕвезда беше прашана за сегментот на големото платно на нејзината актуелна светска турнеја „Las Mujeres Ya No Lloran“, во која на своите обожаватели им ги претставува „10-те заповеди на волчицата“.

Хенар Алварез ја праша Шакира за петтата заповед, која гласи: „Волчицата не напаѓа, таа брани“, и рече: „Моето прашање е: Дали сме сигурни во тоа, Шакира? Не мислиш ли дека нападот понекогаш е најдобра одбрана?“.

Шакира одговори: „Не, она што многу го нагласувам во овие 10 волчји заповеди се две работи: љубов кон себе, што е многу важно, и љубов кон чопорот. Да не се натпреваруваме, туку да си помагаме и да се поддржуваме, особено меѓу жените“.


„Како што кажа Маделејн Албрајт кажа една неверојатна фраза: ‘Постои посебно место во пеколот за жени кои не им помагаат на други жени’. Мислам дека токму на тоа се темели ова и тоа е основата врз која се поставени 10-те заповеди на волчицата“, наведе таа.

Во јуни 2022 година, пејачката се најде на насловните страници на светските медиуми откако објави дека се разделува со фудбалската ѕвезда Жерар Пике, по обвинувањата дека ја изневерувал со својата сегашна партнерка Клара Чиа Марти.

Иако во интервјуто не се осврна директно на тоа, таа суптилно порача: „Волчиците нема да го посакаат она што го поседуваат нивните соседи. Секако“.

За зборот „секако“ го искористи изразот „claramente“ на шпански јазик, што претходно го спомена и во песната со „BZRP“, каде што се осврна и на Жерар и Клара.