Бен Афлек ја направи Џенифер Лопез побогата за милиони долари откако го подари целиот свој удел во нивниот поранешен дом во Беверли Хилс.
Бен Афлек наводно ѝ го подарил на својата поранешна сопруга Џенифер Лопез целиот дел од нивната вила вредна 60 милиони долари бесплатно, без никакви трошоци.
Според „TMZ“, поранешниот пар го изменил договорот за спогодба за имотот, што покажува „брачен пренос на средства“. Документот не ја наведува точната природа на преносот, но извори блиски до ситуацијата им кажале на медиумите во петокот дека актерот ѝ го дал на Лопез целиот свој дел од имотот без никакви трошоци.

Поранешната двојка презеде нови правни чекори во врска со нивниот имот по разводот, а судските документи укажуваат дека актерот се откажал од целиот свој удел во нивната вила во Беверли Хилс.
Да потсетиме, Бен и Џенифер купија вила вредна речиси 61 милион долари во 2023 година, а се обидуваат да ја продадат од 2024 година, непосредно пред пејачката да поднесе барање за развод.
Според правните документи, поранешниот пар го изменил договорот за поделба на имотот, кој првично бил поднесен во јануари 2025 година, кога нивниот развод бил финализиран, без многу медиумско внимание.
Пред неколку дена, тие поднеле барање за измена на одредени ставки од пресудата. Иако многу од условите остануваат исти, во ажурираниот документ се наведува дека Лопез „ќе биде единствено одговорна за сите трошоци поврзани со секоја идна продажба на нејзиниот удел во резиденцијата Волингфорд, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, брокерски провизии, применливи даноци, трошоци за затворање и слично“.
Документите, исто така, велат дека ќе има „пренос на сопственост“ во одреден момент, но не е јасно кога планираат повторно да го рекламираат поранешниот дом.
Џенифер Лопез го потпишала договорот на 31 март, а Афлек на 1 април, што се толкува како потврда дека се откажал од својот дел.
Извори за „TMZ“ велат дека актерот во суштина се откажал од својот дел од имотот без надомест, оставајќи ја Лопез да ги земе сите приходи од продажбата.

Вила на продажба
Вилата била повлечена од пазарот на 26 јануари оваа година. Во тоа време, четири големи камиони за преселба биле снимени пред имотот, иако не е познато точно што се случувало.
Имотот првично беше објавен на продажба за 68 милиони долари, околу 8 милиони долари повеќе отколку што двојката платила за него.
И покрај тешкотиите со продажбата на нивниот заеднички дом, двете ѕвезди купиле нови имоти по разводот. Афлек купил куќа вредна 20 милиони долари во Пацифик Палисејдс, недалеку од поранешната сопруга Џенифер Гарнер во август 2024 година.
Лопез купила куќа вредна 21 милион долари во Калабасас во февруари минатата година, откако разводот беше финализиран. Сепак, пејачката наводно продолжила да живее во вилата во Беверли Хилс додека работите на нејзиниот нов имот биле во тек.















