Првата епизода од третата сезона на серијата „Еуфорија“ синоќа беше објавена на „HBO“, а обожавателите не престануваат со негативни реакции за една сцена со Сидни Свини.
Имено, обожавателите на социјалните мрежи реагираа на сцена во која Кеси (Сидни Свини) е облечена како бебе. Краток исечок ја прикажува на кауч со раширени нозе, со коса врзана во две опавчиња, со цуцла во устата, проѕирен горен дел и бели гаќички.
Имено, во третата сезона Кеси е домаќинка свршена со Нејт (Џејкоб Елорди), која почнува да работи на „Онлифенс“ за да заработи дополнителни пари за својата раскошна свадба.
Why other women hate Sydney Sweeney 🤔 pic.twitter.com/6xTPE9BweB
— GiggleVibesDaily (@GiggleVibes247) April 13, 2026
Меѓутоа, тоа не им се допадна на обожавателите на серијата, па го критикуваа креаторот на серијата, Сем Левинсон, дека „ја преминал границата“, дека врши „сексуализација на деца“ и дека ја „понижува“ Сидни Свини. Некои од нив повикаа и на бојкот на серијата.
„Постои граница, а Сем Левинсон сериозно ја премина“, „Ова е навистина одвратно“, „Не разбирам како ’Еуфорија‘ од прекрасно ремек-дело во првата сезона стигна до Кеси облечена како бебе за Онлифенс, Сем Левинсон, ќе си платиш за гревовите“, „Додавањето возрасна разлика за да се задоволи педофилскиот фетиш на некои луѓе ми делува премногу болно и одвратно“, „Не можам да поверувам дека некој го напишал ова сценарио и дека на актерката ѝ е во ред“, беа само дел од коментарите на социјалните мрежи.
This entire season was a humiliation ritual for Sydney Sweeney, I'll say it again again agai https://t.co/TWYHYqdyZC
— LilithLove (@thatgurlshyneee) April 13, 2026
Инаку ова не е првпат Свини да учествува во многу експлицитни сцени во „Еуфорија“. Обожавателите претходно критикуваа и уште еден „валкан“ момент во кој Кеси била костимирана како кученце.
Инаку, Свини во минатото тврдеше дека одбила да снима одредени сцени, со оглед на тоа што ликовите тогаш биле средношколци.












