Познатата актерка за снимањето на 18+ сцени со Бен Афлек вели: „Траеше девет часа, се тресев“

Точка

08/04/2026

08:42

906

Големина на фонт

а а а

Актерката Сиена Милер се потсетила на исцрпувачкото снимање на љубовни сцени со Бен Афлек за филмот „Live by Night“, откривајќи дека го завршила десетчасовниот маратон тресејќи се и во солзи од смеа.

Додека многу актери го опишуваат снимањето интимни моменти како непријатно искуство, за Милер и Афлек, кој и го режирал филмот, денот се претворил во комедија, пишува „Unilad“.

Пријателство кое ја ублажило непријатноста

Во гангстерската драма од 2017 година, Афлек го толкувал гангстерот Џо Кофлин, а Милер ја толкувала неговата љубовница Ема Гулд. Во филмот глумеа и Зои Салдана, Ел Фенинг и Брендан Глисон, но и покрај ѕвездената екипа, филмот не помина добро кај критичарите, добивајќи само 35 отсто позитивна оценка на „Rotten Tomatoes“. Милер пред премиерата на филмот изјавила дека нејзиното пријателство со Афлек ѝ помогнало да го преброди снимањето интимни сцени.

„Бен и јас сме, фала му на Бога, како брат и сестра, па немаше никаква непријатност. Имаше само многу глупаво кикотење. Тој е многу професионален, јас не сум, но тој е. Во такво опкружување, сцената испадна добро“, рекла актерката.

Маратон од смеа на снимањето

Таа се присетила и на својата реакција кога видела дека сценариото бара цела монтажна секвенца од нивните љубовни средби. „Таму пишуваше да го правиме тоа насекаде: во колата, во барот… Помислив: „Само ќе водиме љубов цел ден! Добро, како ќе го изведеме тоа?“, раскажала Милер.


Снимањето на крајот траело девет часа. „Секако, по девет часа снимање, се тресев, а солзи ми течеа низ лицето. Не можам ни да ви го опишам тоа, но едноставно мора да се смеете. Бен остана професионален. Едноставно таква е работата“, рекла актерката.

Таа додала дека во еден момент Афлек му рекол на директорот на фотографија само да „продолжи да снима“ додека симулираат секс. „Помислив: „Добро, Џо Кофлин е очигледно вистински мајстор“, се пошегувала актерката и како што рекла во еден момент морала да го напушти снимањето поради смеата.


Улогата на координаторот за интимност

Не е познато дали координатор за интимност бил присутен на снимањето на филмот „Live by Night“, улога што е сè почеста во филмската индустрија. Овие професионалци им помагаат на актерите да се чувствуваат безбедно и удобно додека снимаат чувствителни сцени.


Координаторката за интимност Брук М. Хејни објаснила дека вистинско возбудување ретко се случува на снимањата. „Тоа не е баш вообичаено. Сепак сме на работа сме, нели? Со силни светла, микрофони, повеќе камери насочени кон вас, режисерот и остатокот од екипата што гледа на монитори, ситуацијата едноставно нималку не е секси“, истакнала таа.