Актерот Арми Хамер призна: Да, пробав сирово, животинско срце, но не сум канибал

Точка

11/02/2025

18:38

2.233

Големина на фонт

а а а

Арми Хамер (38) призна дека во една прилика загризал сирово животинско срце. Во текот на неговото гостување во поткастот на Луис Теру, тој рече: „Не го јадете целото срце, не се прави тоа така. Едноставно гризнуваш дел од срцето, а сите твои пријатели се околу тебе, кои те бодрат и навиваат, Тоа е еден вид на машки обред кога прв пат одите на лов. Сите што ги познавам, кога првпат отидоа на лов, мораа да направат нешто слично“.

Тој тврди дека неговите зборови биле извадени од контекст

Актерот доживеа развод со Елизабет Чемберс и целосен колапс на кариерата во 2021 година, откако беше обвинет за физичка и сексуална злоупотреба. Иако негираше дека има канибалистички фантазии, тој призна дека една експлицитна порака што ја испратил, а во која напишал дека „го отсекол срцето на живо суштество и го изел додека сè уште било топло“, е вистина и дека тоа се случило во текот на ловот со пријателите.


Актерот не негираше дека испратил пораки во кои напишал дека е „100% канибал“, но тврди дека неговите зборови биле извадени од контекст. „Најважното нешто што треба да се разбере е дека тие пораки се само едната страна од разговорот. Ако обрнете внимание, во сите објавени пораки, лицето што ги објавило во јавноста го избришало својот дел од разговорот. Затоа изгледа како јас самиот да си зборувам со себе. Ако погледнете подобро, во ниту еден извадок нема одговор на моите пораки. Секој дигитално изменет доказ веднаш станува невалиден бидејќи нема контекст“, објасни актерот.

Хамер тврди дека никогаш немал намера да го направи она што го напишал

„Тоа можеше да биде многу смешна размена меѓу двајца луѓе кои се шегуваа и меѓусебно се охрабрува, слично како кога комичарите ги тестираат границите на хуморот во разговорот. Нема да навлегувам во дискусија за тие пораки“, додаде Арми.


Хамер, кој има две деца со Елизабет, беше прашан дали може јасно и недвосмислено да каже дека не е канибал. Арми призна дека се забавувал „правејќи шеги“ на оваа тема, но нагласи дека никогаш немал намера да го направи она што го напишал. „Еве за што се работи. Кога сте во врска со некој, кога имате сексуални односи и сте малку провокативни, и уште сте под дејство на алкохол или дрога – забавно ви е малку да ги тестирате границите. Дали некогаш имав вистинска намера некому да отсечам нешто или да изедам? Не. Никогаш не го посакував тоа. Дали беше забавно да се шегувам, околу тоа, додека бев „напушен“, пијан или дали се смеев додека ги пишував тие пораки? Секако дека да“, додаде Хамер.