[ФОТО] „Подари ми љубов“: Голема промоција на брендот FRAN, кој за првпат лансира своја козметичка линија

Точка

11/02/2025

11:51

1.002

Големина на фонт

а а а

На 09.02 во Cosmo, Skopje City Mall се одржа голема промоција на брендот FRAN, кој за прв пат лансира своја козметичка линија - „Подари ми љубов“

Настанот на кој присуствуваа голем број љубителки на козметика го отвори Фросина, која изрази благодарност до присутните.

- Ви благодарам за вашето присуство, ми правите огромна чест. Иако сме тука да ја одбележиме соработката помеѓу Cosmo и Fran како бренд, за мене ова е многу лично.


- Некои од вас веќе се запознаени со производот и тука сте да си одберете нова нијанса, а некои од вас допрва ќе го пробате. Искрено се надевам дека ќе ви се допадне, дека ќе го купите за себе, ќе го подарите некому и најбитно, дека ќе му се навратите повеќе пати и на тој начин ќе ме поддржите мене и мојот сон.

Производот за кој станува збор е сет за усни, составен од кремасто моливче за усни, мат траен кармин и сјаен кармин во 10 нијанси. Уникатен е по можноста да ги комбинирате производите еден со друг и со тоа сами да креирате структура која најмногу ви одговара. А уште по уникатно е и пакувањето со навистина преслатка кутија, секоја со свој љубовен нзаив на кирилица и илустрација која ја отсликува таа емоција.


Ланисрањето се случи во одличен момент, во очи на св Трифун/Валентајн и им нуди на купувачите веќе обмислен подарок.

На настанот имаше и краток перформанс арт, каде Фросина со Кармините направи тетоважа и покажа колку се всушност пигментирани и трајни. Easter egg, тетоважата беше спојка од елементите кои се нацртани на самите кутии на сетовите, а се дело на нашата позната илустраторка и тату артистка Ina Nameless.


- „Одведи ме на рандеву“

- „Бакни ме страсно“

- „Прегрни ме топло“ се само дел од опциите кои ги имате на располагање.

Дали и вие некому ќе подарите љубов?


Комерцијален текст