Алиша Леман е една од најсексапилните фудбалерки во светот, па решила да заработи од тоа. Таа ги воодушеви фановите објавувајќи провокативни фотографии на социјалните мрежи.
Леман на Инстаграм сподели серија фотографии на кои позира во долна облека, откако потпиша договор со популарниот моден бренд.
Таа летово му се приклучи на Јувентус заедно со нејзиното момче Даглас Луиз. Како што признала, заработува 100.000 пати помалку од него, кој инкасира околу 120.000 евра неделно. Алиша не е тажна, туку решила тоа да го надополни со уште еден договор, па сигурно добро наплатила што изгледа брутално секси.
Не се сомневаме дека одлично и оди, со тоа што изгледа како „бомба“, а на Инстаграм има речиси 17 милиони следбеници кои едвај чекаат да ја видат во ова издание. Објавата во секси долна облека брзо собра речиси 700.000 лајкови.
Да потсетиме дека во октомври крадци упаднаа во куќата на Алиша и Даглас и украдоа часовници вредни половина милион евра. Како што пренесуваат италијанските медиуми, во пленот на разбојниците имало часовници, 11 парчиња, кои ги имал Бразилецот, како и дијамантските ланчиња на Алиша.