Сите љубители на "Citroen" лесно ќе го препознаат овој римејк на класиката создадена пред речиси осум децении.
Ајде да одиме по ред. Зад овој проект не стои "Citroen", туку (повторно) "Caselani". Веќе пишувавме за италијанскиот каросерист и неговите ретро преработкина поголемите "Citroen" автомобили. Сега на ред е најмалиот "Citroen". Тука не мислиме на "C3," туку на уште помалиот "Ami", кој спаѓа во групата на лесни четирицикли.
Малото електрично возило се движи во правец во кој "Fiat" тргна пред нешто повеќе од една година. Сепак, верзијата на "Fiat" се вика "Topolino", а доби и интересно летно ретро издание. "Ami", сепак, отиде подалеку во историјата, а "Caselani" го најде својот пример во иконскиот модел "Type H", попознат како "HY", кој се произведуваше од 1947 до 1981 година.
"Caselani" ја претстави оваа реализација како еднократен проект на трката "2CV"во "Spa-Francorchamps" во Белгија, каде што привлече голем интерес. Набрзо решиле да ја комерцијализираат идејата. Финалниот производ беше потпомогнат и на крајот одобрен од самиот "Citroen Style Center". За работите да бидат поинтересни, "Caselani" ја нуди модификацијата во форма на комплет, кој се продава одделно. Затоа, сите сопственици на "Ami" ќе можат да направат ваков тип на конверзија дома.
Готовата конверзија се нуди по цена од 13.000 евра, додека постоечките сопственици можат да изберат посебен комплет за 5.000 евра.
Да потсетиме дека "Citroen Ami" е четирицикл кој се движи од електричен мотор со 8 коњски сили. Напојуван од батерија од 5,5 kWh, има досег до 70 km и се движи со максимална брзина од 45 km/h. Во Германија почетната цена е 7.990 евра, а се нуди и преку интересни опции за закуп.